Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Заменик-министерот Димитровски на конференција на иницијативата „Три мориња”

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски денеска во Варшава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски денеска во Варшава учествувал на конференција на иницијативата „Три мориња” организирана од The Opportunity, Институт за надворешни работи од Полска.

Димитровски истакнал дека „Македонија,  како и другите земји од Западен Балкан треба да станат дел од Иницијативата „Три мориња”, како комплементарна интеграциска алатка за полноправно членство во ЕУ“.

-Рутите на иницијативата „Три мориња” од Балтикот до Јадранот, Медитеранот и Црното Море, минуваат токму низ земјите од Западен Балкан и Северна Македонија, преку коридорите 10 и 8. Балканот и Македонија не може и не смее да се заобиколат доколку на Европската Унија и е значајна безбедноста на континентот, зашто тие се во европскиот двор, а најдобриот начин за траен мир и во овој дел од регионот е силен економски развој кој не е можен без инвестиции во инфраструктурното поврзување, изградбата автопатишта, брзи пруги, гасоводи, енергетски и дигитални врски, истакнал Димитровски.

Реклама

Иницијативата „Три мориња” поврзува 13 земји членки на ЕУ од регионот на Балтикот, Јадранот и Црното Море (Австрија, Унгарија Словенија, Хрватска, Полска, Чешка, Словачка, Литванија, Естонија, Латвија, Романија, Бугарија, Грција) и партнерите САД, Германија и Јапонија и создадена е за да обезбеди посилни транспортни, комуникациски, енергетски и дигитални врски на земјите членки со Западна Европа.

Партнери на иницијативата се и Украина и Молдавија, како и Албанија и Црна Гора. Самитот на шефови на држави или влади на иницијативата се одржува утре и задутре во Варшава.