Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ е партија која за време на нивното владеење ја претвори државата во оаза за белосветски криминалци и наркобосови.
Во мандатот на нивниот долгогодишен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се доделуваа македонски пасоши на светски криминалци, наркобосови, мафијаши, па дури и на припадници на ИСИС. СДСМ се плаши од самиот факт и сознание дека Панчe Тошковски расчистува со криминалците и што законот, по долги децении, важи за сите подеднакво.
Оттука доаѓаат и нападите од СДСМ кон Тошковски, бидејќи веќе нема недопирливи и веќе се апсат криминалци кои СДСМ долги години не само што ги толерираше, туку и ги штитеше. Сега се водат истраги и се приведуваат луѓе за кои постои сомнеж за прекршување на законите, како од опозицијата, така и од власта — нешто што не беше случај за време на владеењето на СДСМ.

Системот почнува да функционира, криминалците се апсат и секој што се огрешил пред законот ќе одговара, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
