Реклама

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Свет

(Во живо) Последното патување на папата Франциск: Погребната миса во Ватикан и церемонија во Рим

На плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан се собрани светски лидери и верници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан се собрани светски лидери и верници за да му оддадат последна почит на папата Франциск, кој го започнува своето последно патување од Ватикан до неговото избрано почивалиште во црквата „Санта Марија Маџоре“ во Рим. Околу 200.000 луѓе се собраа да присуствуваат на погребната миса, која започна во 10 часот, кога ковчегот беше изнесен пред базиликата. Многу луѓе кампувале преку ноќ, надевајќи се на подобро место за следење на церемонијата.

На погребот присуствуваат 162 официјални делегации, меѓу кои и светски лидери, како претседателите на САД, Франција и Украина, британскиот премиер, принцот Вилијам и други важни личности, вклучувајќи ја и претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.

По погребната миса, ковчегот ќе биде вратен во базиликата „Свети Петар“, а потоа ќе следи поворка низ Рим, поминувајќи покрај познатите знаменитости, како Пјаца Венеција и Колосеумот, за да се пристигне до базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде папата ќе биде погребан. Тој ќе биде првиот папа по повеќе од еден век кој нема да биде погребан во базиликата „Свети Петар“.

Реклама

Погребната церемонија ќе биде приватна и ќе се одржи во присуство на неколку кардинали, блиски соработници на папата и неговата лична медицинска сестра. Како што папата посакуваше, ковчегот ќе биде пречекан од сиромашни и бездомници во базиликата.