Реклама
Свет

Песков: Путин и Трамп разменуваат пораки преку специјалниот претставник Стив Виткоф

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека претседателите на Русија и на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека претседателите на Русија и на САД разменуваат пораки преку специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф.

„Виткоф денеска пристигна во Москва со порака од Трамп за Путин и заминува со одговор. Ова е шатл-дипломатија. Тоа се посредничките услуги што ги пружаат САД“, истакна Песков.

Претходно, помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, кој присуствуваше на состанокот, нагласи дека средбата била конструктивна.

Реклама

Тој додаде дека на средбата било разговарано и за можноста за директни преговори помеѓу Русија и Украина. Москва и Киев не одржале директни разговори уште од првите недели од војната, која започна во февруари 2022 година.

Ушаков истакна дека разговорите помогнале да се приближуваат ставовите на Русија и САД не само во однос на Украина, туку и по други прашања. Тој потврди дека продуктивниот дијалог меѓу Москва и Вашингтон ќе продолжи на различни нивоа.

Денешната средба помеѓу Путин и Виткоф е втора во последните две недели, а четврта од почетокот на годината. Последната средба беше во Санкт Петербург на 11 април и траела еден час подолго од денешната средба во Москва, односно четири часа.