Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Андоновски од Битола: Дигитализацијата на општинските услуги за граѓаните ќе донесе брзи и ефикасни услуги

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес оствари работна посета на Општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес оствари работна посета на Општина Битола, каде што оствари средба со градоначалничкот Тони Коњановски, но и ги посети канцелариите на Центарот за услуги (ЕТУ) во Битола. Главна тема на посетата беше унапредувањето на процесот на дигитализација на општинските услуги и интегрирањето на локалните институции преку националната платформа за интероперабилност.

На средбата со градоначалникот Коњановски, беше разговарано за конкретни чекори за отпочнување на процесот на дигитализација на општинските услуги достапни за граѓаните на Битола. Министерот Андоновски ја истакна важноста на дигиталната трансформација како алатка за поголема ефикасност, транспарентност и достапност на услугите за сите граѓани, без разлика дали се во урбани или рурални средини.

„Битола има огромен потенцијал да биде предводник во дигитализацијата на општинските услуги. Одличниот човечки потенцијал од универзитетот во Битола, но и партнерството со општината и со поддршка на нашите центри за услуги, сакаме да обезбедиме дека секоја важна услуга ќе биде достапна на клик. Затоа, Битола ќе биде исто така приклучена на платформата за интероперабилност, а достапни ќе бидат и бесплатни WiFi зони за граѓаните во Битола“, изјави министерот Андоновски.

Реклама

Во рамки на посетата, министерот направи увид во функционирањето на ЕТУ Центарот каде се обезбедуваат административни услуги за граѓаните. Се разговараше за проширување на електронските услуги на локално ниво, овозможување на побрзо издавање на уверенија, дозволи и решенија преку дигитални канали, и интегрирање на системите со националната платформа за интероперабилност, која овозможува размена на податоци меѓу институциите без потреба од хартиена документација.

Министерството за дигитална трансформација продолжува со посветеност да ги поддржи општините во процесот на дигитализација, со цел до крајот на 2025 година првите општини да нудат најупотребувани услуги за граѓаните, а тие да имаат пристап до брзи, безбедни и транспарентни услуги од својот дом.

„Општините на овој начин ќе се доближат уште повеќе до граѓаните. Услугите кои ќе ги нудат општините ќе бидат полесно достапни и преку компјутер и мобилен телефон, а и преку центрите за услуги на Министерството за дигитална трансформација.“