Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Мицкоски по посетата на ОАЕ: Очекувам првата добра вест да ја објавиме утре, административно-политичка, а економските до крајот на годината

Посетата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) беше извонредно успешна, а македонската делегација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Посетата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) беше извонредно успешна, а македонската делегација беше пречекана на високо ниво во Абу Даби. За време на посетата, премиерот Христијан Мицкоски имаше 75 до 80-минутен разговор со претседателот и главниот емир на ОАЕ, кој требаше да трае само 20 минути. Разговарано беше за геополитички теми, како и за можностите за странски инвестиции. Мицкоски денеска одговараше на прашањата на пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, кои се однесуваа на посетата, инвестициите, како и на плановите за зголемување на платите и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

„Ќе има многу убави вести од оваа посета. Очекував дека ќе се случат денес, но поради некои детали кои треба да се усогласат, првата добра вест очекувам да ја објавиме уште утре. Таа ќе биде административно-политичка, а економските убави вести се очекува да се случат до крајот на годината, по возвратната посета од влијателни бизнис личности од ОАЕ“, рече Мицкоски.

Тој истакна дека македонската делегација имала средби и со претставници на Стопанската комора во Дубаи, при што се разговарало за четири клучни области: туризам, енергетика, градежништво и инфраструктура. Мицкоски најави и враќање на авионската линија Скопје-Дубаи од оваа есен.

Реклама

„Особено задоволство ми е што редовната авионска линија меѓу Скопје и Дубаи ќе се врати оваа есен. Операторот ‘Флај Дубаи’ веќе потпиша договор со министерството за транспорт и врски. Преговараме и за дополнителна линија, можеби меѓу Дубаи и Абу Даби и Охрид“, додаде премиерот.

Тој исто така истакна дека македонската делегација имала средби со големи компании, разговарајќи за инвестиции во градежништво, изградба на ски центарот Попова Шапка, како и во енергетскиот сектор, за изградба на централите Чебрене и Галиште.

Во однос на пратеничкото прашање за животниот стандард и зголемување на платите, Мицкоски одговори дека платите се зголемени за 9,6% според последните податоци од статистиката. Од 1 мај, инспектори од Државниот пазарен инспекторат ќе излезат на терен, за да спречат понатамошно енормно зголемување на цените на прехранбените производи и да ја подигнат свеста на трговците и супермаркетите.

„Платите во образованието, здравството и Министерството за внатрешни работи веќе се зголемени во однос на минатата година. Ова ветување е веќе исполнето“, нагласи Мицкоски.