Реклама
Македонија

34-годишник од Прилеп почина по удар од гром

Триесет и четиригодишен прилепчанец починал по удар од гром вчера попладне. Тој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Триесет и четиригодишен прилепчанец починал по удар од гром вчера попладне.

Тој бил пронајден кај местото Кисела Вода во атарот на селото Мажучиште по што на местото интервенирала екипа на Итната медицинска помош, која констатирала смрт.

„Увид на местото извршила екипа на Одделот внатрешни работи – Прилеп, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството“ соопшти МВР.