
Македонија и Чешка ќе разменуваат идеи, искуства и ќе отпочнат соработка помеѓу институциите, бизнисите и експертите од двете земји за заедничка зелена иднина.
Чешките компании се заинтересирани да инвестираат во Македонија, како би донеле иновации и технолошки решенија кои ќе помогнат во еколошкиот развој на државата. Ова беше потврдено и на денешниот форум за енергетика и технологија помеѓу Македонија и Чешка, организиран од Амбасадата на Чешката Република во Скопје.
