
Сојузниците на Украина утре ќе се сретнат во Лондон на разговори за прекин на огнот, изјави за „АФП“ висок функционер од Киев.
Изворот, кој зборуваше под услов да остане анонимен, не кажа кој од Украина ќе присуствува на средбата што претставува продолжение на разговорите во Париз минатата недела, каде што американскиот државен секретар, Марко Рубио, го презентираше планот на Вашингтон за завршување на војната.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги притиска сите страни да прифатат прекин на огнот, но засега не успеа да извлече никакви големи отстапки од Кремљ, и покрај повторените преговори и краткото примирје објавено од рускиот претседател, Владимир Путин, за Велигден.
