Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ДУИ се жали што на некои веб-страници на дел од министерствата немало доволно содржини на албански јазик

Во меѓувреме, ДУИ си најде нова причина да обвинува за албанофобија. Сега…

Сподели:

Во меѓувреме, ДУИ си најде нова причина да обвинува за албанофобија. Сега им сметало тоа што на неколку веб-страници на некои од министерствата немало доволно содржини на албански јазик.

„Недостигот на содржина на албански јазик во министерствата за енергетика, транспорт, внатрешни работи и други институции не само што претставува кршење на Законот за употреба на јазиците, туку и намерно исклучување на албанските граѓани од пристап до информации од јавен карактер“, велат од ДУИ. Тврдат дека во некои случаи задржани се само старите двојазични формати од претходната влада, но суштинските содржини, документите и клучните информации се објавуваат исклучиво на македонски јазик.

„Станува збор за опасен тренд што оди подалеку од техничка негрижа – ова е институционална политика која го ограничува практичното користење на албанскиот јазик и ги поткопува темелите на меѓуетничката еднаквост во државата“, стои во соопштението.

Реклама

Покрај тоа, додаваат од ДУИ, овие случувања доаѓаат во време кога се прават обиди да се доведат во прашање клучните одредби од Законот за јазиците во Уставниот суд.