
Првиот вицепремиер и министер за животна средина – Изет Меџити, изјави синоќа дека на неговиот коалиционен партнер од ВРЕДИ – Арбен Таравари, не му е местото во Владата, доколку се решил на соработка со ДУИ. Меџити рече дека, што и да посакува таква соработка, Таравари самиот треба да го објави тоа, не криејќи од членството и јавноста.
„Сметам дека не му е местото во Владата, што и да сака соработка со ДУИ. Тоа се коси со политиките и принципите на формирањето на оваа Влада, а тоа е борба против корупцијата, враќање на правната држава и други начела“, вели Меџити.
Тој порача дека, и покрај превирањата во ВРЕДИ, коалицијата не се распаѓа туку е уште посилна, бидејќи останува истрајна во целта за носењето на промената, согласно добиената доверба од граѓаните на парламентарните избори.

„Ние сите се сплотивме околу идејата да донесеме промена, плурализам, демократија во албанскиот кампус, борба против корупцијата. Сите, се уште стоиме на тоа, освен господинот Таравари, кој од индивидуални и партиски причини, излезе на површина дека неколку месеци има состаноци и соработува со ДУИ. Нашиот став е дека не може да биде дел од ВРЕДИ и да соработува со ДУИ“, додаде Меџити.
