Реклама

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Свет

Папата Франциск ќе биде погребан во сабота, 26 април

Сподели:
Погребот на папата Франциск ќе се одржи в сабота, 26-ти април, во 10 часот по локално време, соопшти Ватикан. Папата Франциск, во својот тестамент, потврдил дека сака да биде погребан во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим, а не во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, каде што се погребани многу негови претходници. Во тестаментот, кој синоќа го објави Ватикан, Франциск јасно ја изразил својата желба да биде погребан во земја, без посебни украси, а над неговиот гроб да стои едноставна плоча со неговото папско име на латински — Францискус.

Папата исто така напишал дека договорил неименуван добротвор да ги покрие трошоците за неговиот погреб. На последното испраќање, се очекува да присуствуваат државни и владини лидери од цел свет. Тело на папата Франциск се уште се наоѓа во капелата на гостинската куќа „Каса Санта Марта“, која беше неговата резиденција во Ватикан.

Утре, телото ќе биде пренесено во базиликата „Свети Петар“, каде верниците ќе имаат можност да му оддадат последна почит.Папата Франциск, кој беше папа 12 години, почина вчера од мозочен удар, по што падна во кома, а потоа доживеа срцев удар. Како духовен водач на 1,4 милијарди католици, Франциск беше првиот папа од Латинска Америка и првиот језуит.

Лидерите од цел свет му оддадоа почит по неговата смрт, истакнувајќи ја неговата понизност, мудрост и сочувство.
Ватикан објави дека официјалната резиденција на папата Франциск е запечатена. Станува збор за папските апартмани во Апостолската палата, кои иако биле предвидени за престој на папата, не биле искористени за време на неговиот понтификат. Од неговиот избор во 2013 година, па до неговата смрт, тој живееше во гостинската куќа „Каса Санта Марта“, близу базиликата „Свети Петар“ во Ватикан.