Реклама
Свет

Супер арамија: Ја штитела тајната служба, а тој сред ресторан и’ ја украл ташната на државната секретарка за безбедност на САД!

Кристи Ноем, секретарката на „Homeland Security“ (агенција задолжена за внатрешната безбедност на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кристи Ноем, секретарката на „Homeland Security“ (агенција задолжена за внатрешната безбедност на САД), била ограбена во ресторан во Вашингтон, објавија повеќе американски медиуми.

Маскирани крадец ја украл чантата на високо позиционираната функционерка додека била на ручек. Иако Ноем била заштитувана од припадници на тајната служба, маж со медицинска маска на лицето успеал да ја земе чантата без да биде забележан.

По кражбата, тајната служба ги проверила снимките од камерата и открила како се случила кражбата и каде се упатил разбојникот откако го напуштил ресторанот.

Реклама

Во чантата имало околу 3.000 долари во кеш, парични чекови, лекови, клучеви од станот на Ноем, пасош, возачка дозвола и ташничка со шминка. Тајната служба отворила истрага и работи на лоцирање на украдените предмети, особено финансиските инструменти. Кристи Ноем носела голема количина пари бидејќи за време на велигденскиот викенд имала гости од Јужна Дакота, меѓу кои и нејзините деца и внуци, поради што подготвила пари за потребите на посетата, соопштиле нејзините асистенти.

Експерти за CNN изјавиле дека кражбата може да се смета за безбедносен пропуст, бидејќи крадецот успеал да дојде до лични предмети на висок функционер во администрацијата на Трамп.

Кристи Ноем е назначена за секретар на „Homeland Security“ по изборот на Доналд Трамп за претседател. Таа потекнува од Јужна Дакота, каде што била гувернер, а има искуство и во Вашингтон како избран претставник во Конгресот на САД.

„Homeland Security“ е дел од извршната власт на САД и, по својата надлежност, е сличен на европските министерства за внатрешни работи. Агенцијата е одговорна за внатрешната безбедност во САД, спречување на терористички напади, криминални прекугранични активности, како и за одржување на сајбер безбедноста. Формирана е во 2002 година, по терористичките напади од 11. септември 2001 година, и брои повеќе од 200.000 вработени.

Сепак, и покрај моќта на оваа голема агенција, лидерот на службата, Кристи Ноем, била ограбена во ресторан.