Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Алфа за Велигден со Македонците во Пјаченца

Со поздравот Христос воскресе, навистина воскресе, свеќи во рацете и традиционалното кршење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со поздравот Христос воскресе, навистина воскресе, свеќи во рацете и традиционалното кршење со јајца, на полноќна служба Македонците кои живеат во Пјаченца, Италија ја дочекаа веста за христовото воскресение.

Стотици верници во храмот Прохор Пчински се помолија за здравје, радост, мир. 

Граѓаните го дочекаа Велигден запазувајќи ги православните обичаи. Пред полноќ, со свеќи во рака завртеа круг, а точно на полноќ симболично тропнаа на црковните порти за да се отворат за синот божји. 

Реклама

Верниците велат дека се среќни што традицијата продолжува и се пренесува на идните генерации. За Македонците кои живеат во Пјаченца е од особено значење тоа што ја имаат црквата и имаат каде да ги прослават празницитe

Синоќа заврши и велигденскиот пост. По полноќ се одржа богослужба, а верниците кои постеле ја примија светата причест. 

На вечерната служба претходеше лицитација, а парите собрани од истата се наменети за црквата. Воскресна литургија се одржуваше  и утринава каде граѓаните запалија свеќа и се помолија за здравје и благосостојба. 

Инаку, годинава се поклопува чествувањето на двата Велигдена, православен и католички. 

Велигденските камбани се слушнаа и од католичките храмови. Тие исто така беа полни со верници кои присуствуваа на Велигденска миса. 

Заедничкото чествување  не се случува често, бидејќи источната и западната црква користат различни календари јулијански и грегоријански. 

Последното славење на Велигден на ист ден беше во 2017 година.