Реклама

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Свет

Зеленски честиташе Велигден и ја обвини Русија за прекршување на велигденското примирје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја обвини Русија дека создава „привид на…

Сподели:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја обвини Русија дека создава „привид на почитување на велигденскиот прекин на огнот“, велејќи дека Москва продолжи со нападите во текот на ноќта откако рускиот претседател Владимир Путин објави еднострано привремено примирје во Украина.

„На Велигденското утро можеме да констатираме дека руската армија се обидува да создаде општ впечаток за прекин на огнот, додека во некои области продолжува со изолираните обиди за напредување и нанесување загуби на Украина. Русија мора целосно да ги почитува условите на прекинот на огнот“, напиша тој на Телеграм.

Тој додаде дека предлогот на Украина за спроведување и продолжување на примирјето за 30 дена од полноќ останува на маса.

Реклама

Зеленски понатаму изјави дека имало 59 случаи на руско гранатирање и пет напади од руски единици.

„Во областа Курск, руските сили извршија артилериски напади и користеа беспилотни летала. Секаде нашите борци одговараат како што заслужува непријателот, врз основа на специфичната борбена ситуација. Украина ќе продолжи да дејствува реципрочно“, напиша украинскиот претседател.

Зеленски во посебна објава на сите христијани им го честита Велигден, наведувајќи дека „злото може да има свој час, но Господ ќе има свој ден“ и дека порано или подоцна злото ќе се повлече и животот ќе победи.