Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

Преговорите за иранската нуклеарна програма продолжуваат

Денеска во Рим продолжуваат клучните преговори меѓу иранската и американската делегација за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска во Рим продолжуваат клучните преговори меѓу иранската и американската делегација за нуклеарното прашање на Иран, со посредство на Оман.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изрази „сериозни сомнежи“ во намерите на САД пред почетокот на вториот круг преговори со Вашингтон.

„Иако имаме сериозни сомневања за намерите и мотивацијата на американската страна, ние ќе учествуваме во утрешните преговори,“ изјави Арагчи на прес-конференција во Москва, по состанокот со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Реклама

Арагчи истакна дека Иран е целосно подготвен да работи на мирно решение на спорот, потврдувајќи дека целта е „мировната нуклеарна програма на Иран“.

Првиот круг преговори се одржа минатата недела во Маскат, Оман, каде Иран и САД го оценија како „конструктивен“.

Западните земји, предводени од САД и Израел, изразуваат сомневање дека Иран има намера да развие нуклеарно оружје, што Техеран категорично го отфрла, нагласувајќи дека има право да развива нуклеарни технологии за цивилни цели.