Реклама

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Прилози

Туристичките агенции со богата понуда за Велигден – грчкиот остров Крф, Рим, Париз, Будимпешта најбарани дестинации

Грчкиот остров Крф, Атина, Рим, Париз, Будимпешта, Будва се најбарани дестинации за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Грчкиот остров Крф, Атина, Рим, Париз, Будимпешта, Будва се најбарани дестинации за време на Велгденските празници. Туристичките агенции понудија голем број аранжмани покрај за соседните земји и за подалечни дестинации. Цените варираа во зависност дали се патува со авион или со автобус, но и до видот на сместувањето. Поефтините понуди вклучуваат 2 до 3 ноќевања во апартман, водич и превоз кој најчесто е автобуски. Додека поскапите аранжмани кои чинат над 250 евра се од 3 до 5 ноќевања во хотел, автобуски или авионски превоз, појадок и водич.

„Можам да кажам дека најбарани се дестинациите кои што имаат поинтересна традиција за Велигден. Тоа е островот Крф, каде што има традиција на кршење на ќупови, шетање на Свети Спиридон и од верски и од интересен аспект. И секоја година е најголема побарувачката за таа дестинација, меѓутоа не изостануваат другите европски дестинации како што се Италија, Атина, Будва и подалечните, меѓутоа се зависи од буџетот, цената и можноста на луѓето“ вели Ана Марија Алексова-Малева – туристички работник

Дел од граѓаните отпатуваа и во соседна Србија за каде понудите со автобуски превоз се пристапни, а најбарани за Велигден биле Белград и Нови Сад. За разлика од претходните години, годинава зголмен бил интересот и за Хрватска.

Реклама

„Цените се движат од 130 па да кажеме до 400-500 евра, зависно од аранжманиот, да ја напоменам Хрватска дека беше доста барана во овој период за Велигден како интересна дестинација на море. Во однос на цените најчесто овие аранжмани, велигденските се за шетање, па најголемиот дел се автобуски или авионски аранжман, повеќе доминираат автобуските од барањата на граѓаните, поради тоа што се поевтини, автобуски аранжман, две-три ноќевања, појадок, а додека деновите ги користат да прошетаат и во своја режија си ги организираат своите оброци“ вели Ана Марија Алексова-Малева – туристички работник

Голем дел од граѓаните во сопствена режија за Велигден отпатуваа во соседна Грција. Најпосетени таму се туристичките локации кои најчесто се нудат и за летен одмор. Агенциите велат дека има и доста заинтересирани за пакет аранжманите кои ги подготвиле за претстојните првомајски празници, но и државниот 24-ти мај, односно Свети „Кирил и Методиј“.

Давид Крстевски