Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Кос: Нема гаранции дека уставните измени ќе бидат последната пречка, Влада: Мора да се гарантира заедничката иднина

Нема гаранции дека уставните измени ќе бидат последната пречка на патот кон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема гаранции дека уставните измени ќе бидат последната пречка на патот кон Европската Унија – еврокомесарката Марта Кос ги потврди стравувањата на македонската влада дека и да ги ставиме Бугарите во Уставот, нема да биде исклучена можноста од нови блокади и уцени.

Сепак, Кос е децидна дека билатералните прашања не треба да се мешаат во пристапниот процес, и најави дека лично ќе се ангажира во Бугарија да се најде решение – на овие теми таа ќе разговара и во Софија и во Скопје.

Никој не може да ѝ даде гаранции на Македонија ако сега го смени Уставот, дека повеќе нема да има пречки на европскиот пат. Разбираме дека ова не е лесно прашање. Промена на Устав. Сфаќаме и тоа е многу човечки и разбирливо што вашата земја сака да има гаранции по се она што го помина. Гаранции не може да има, но она што го очекувам од сите земји членки кога има билатерални прашања, е разговорите да се водат со добра волја и со визија да се дојде до компромис. Најдобро би било билатералните прашања да не се мешаат во пристапниот процес. Тоа не значи дека билатералните прашања не се важни, рече Кос во интервју за МИА.

Реклама

А токму, за да се избегнат подоцнежни блокади од Бугарија, македонската влада најстојува на уставни измени со одложено дејство. Овој став и премиерот Мицкоски и министерот Муцунски го презентираат на сите средби со европските челници.

Изјавата на Кос претставува потврда на ставовите дека не треба да се брза и демант на опозицијата која ја убедуваше јавноста дека ова е последната отстапка. Инсистираме процесот да се води внимателно и со потребни гаранции кои се неопходни за гарантирање на заедничката иднина, велат од Владата.

По оваа изјава, Министерството за надворешни работи реагираше дека е неопходно, ЕУ да обезбеди институционални гаранции дека процесот веќе нема да биде блокиран поради билатерални прашања. Само на тој начин може да се обезбеди транспарентен начин на интеграција, кој ќе ја зачува довербата на граѓаните во Унијата и европската перспектива на Македонија.

Министерот Муцунски во повеќе наврати истакна дека државата направи значајни и тешки компромиси во изминатите три децении, вклучувајќи уставни измени, промена на името на државата, суштински реформи… со цел приближување кон ЕУ. Сепак, и покрај овие напори, процесот на пристапување останува блокиран поради билатерални спорови, што го поткопува кредибилитетот на Унијата и ги охрабрува деструктивните наративи во регионот, велат од Министерството.

Инаку, паралелно, додека се бара решение за спорот со Бугарија, Македонија мора да ја исполни реформската агенда. Кос е децидна дека земјава е шампион кога се работи за Планот за раст на Европската комисија, потсетувајќи дека земјата прва ги доби средствата за предфинансирање. Од вкупната сума од шест милијарди евра од Планот за раст, за Македонија  се предвидени 715 милиони евра, во чии рамки е и предфинансирањето од 52 милиони, од кои еден дел се исплатени директно во државниот буџет, а останатиот дел оди преку Инструментот за реформи и раст на Западен Балкан.