Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

Германија бара укинување на правото на „вето“ за прием на нови членки на ЕУ

Берлин планира да се спротивстави на натамошното проширување на Европската Унија, освен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Берлин планира да се спротивстави на натамошното проширување на Европската Унија, освен ако блокот не се откаже од принципот на едногласност (вето). Оваа позиција е резултат на усогласување на конзервативците на канцеларот Фридрих Мерц и социјалдемократите во коалицискиот договор постигнат минатата недела.

Во овој договор, се нагласува дека приемот на земјите од Западен Балкан (Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија), како и Украина и Молдавија, е „важен“ и претставува „заеднички интерес“ и за земјите кандидатки и за самата Европска Унија.

За да се заобиколи принципот на едногласност, додека не биде укинат, можно решение е земјите кои сакаат да се приклучат на Унијата да добијат пристап до заедничкиот пазар без да бидат полноправни членки.

Реклама

Процесот на проширување на ЕУ треба да оди во комбинација со способноста на Унијата да интегрира нови членки. Поради тоа, потребни се внатрешни реформи и консолидација на ЕУ, најдоцна до следното проширување, за да се зајакнат нејзините институции, се наведува во документот.

Коалициските партнери се залагаат за укинување на правото на вето и за другите одлуки за кои сега е потребна едногласност во Советот на ЕУ.

Документот, кој има 140 страници, само четири реченици посветува на темата за проширување на Унијата. Овие реченици досега не предизвикале големо внимание, но ќе бидат клучни за надворешната политика на Берлин во иднина. Ова го означува пресврт во ставовите на Берлин кон проширувањето на ЕУ и признавање дека неспособноста да се носат одлуки е главна пречка за приемот на нови членки, истакнува Михаел Мартенс за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Иако се разгледува можноста за отфрлање на принципот на едногласност, и тоа ќе бара едногласна согласност, напоменува Мартенс. Претходните германски влади биле свесни за ова, но се плашеле да го отворат ова прашање.