Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Несогласувања меѓу синдикатите за минималецот – Владата на потег

​Синдикалните организации во Македонија се поделени околу предлогот за зголемување на минималната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

​Синдикалните организации во Македонија се поделени околу предлогот за зголемување на минималната плата. Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) поддржува покачување, додека Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) се противи, оценувајќи го предлогот како финансиски невозможен. Благоја Ралповски од КСС истакнува дека зголемувањето на минималната плата на 30.000 денари ќе опфати само дел од вработените, што го смета за популистички потег. Од ССМ, пак, реагираат дека КСС ги застапуваат ставовите на Владата наместо интересите на работниците. Иван Пешевски од ССМ посочува дека КСС и КСОМ не побарале зголемување на платите во јавниот сектор според постојните колективни договори, туку предлагаат нови договори кои не предвидуваат зголемување. По средбата со Владата, Синдикатот на УПОЗ информираше дека протестите се ставени во мирување бидејќи административците ќе добијат 30% додатоци на плата во неколку рати во следните четири години. Сепак, остануваат разлики во ставовите за општите колективни договори, при што КСС бараат репреговарање и зголемување на минималната плата како решение за подобрување на платите во целост.