Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

Македонија

Бока: Зајакнување на европерспективата на Западен Балкан е најдобрата гаранција за стабилноста на регионот

Предизвиците со кои се соочува Европската Унија, предизвиците на Македонија на патот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предизвиците со кои се соочува Европската Унија, предизвиците на Македонија на патот кон ЕУ, реформските процеси, зајакнување на соработката помеѓу земјите членки и земјите аспиранти. Ова беа главните теми на дебатата на Универзитетот Скопје во која учествуваше министерот за европски прашања на Унгарија, Јанош Бока, професори, експерти, студенти.

Само обединета, здружена и единствена Европа може да одолее на сите предизвици и да стане повторно силна, порача Бока.

„Унгарија и како членка на ЕУ и за време на нашето претседателство работи во насока на реактуелизирање на процесот на интеграција на Западен Балкан, на зајакнување на европерспективата на регионот, бидејќи тоа е најдобрата гаранција за стабилноста“, рече Бока пред да земе учество на отвореното предавање на Универзитетот Скопје, на кое присуствува и заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков.

Реклама

Македонската влада, преку спроведување на неопходните реформи покажува силна волја за европските интеграции, порача заменик министерката за европски прашања. Според Викторија Трајков, поддршката на Унгарија е силна, и земјата изразува подготвеност да ја сподели својата експертиза и искуства за да помогне во тој процес.

Заменик-министерката Трајков посочи дека Владата од почетокот на мандатот потенцирала дека единствена и примарна цел ќе ѝ биде европскиот пат.

„Тоа значи дека сето она коешто може да помогне во евроинтеграцискиот процес на државата апсолутно го поддржуваме. Така беше и таа дипломатска офанзива која што ја започнавме, се уште трае и ќе трае во иднина. Тоа е едната работа за која што долго зборувавме, но и добрососедските односи коишто ни се врвен приоритет“, истакна Трајков, која го информирала Бока дека министерството посветено работи на реформската агенда.

Ректорот на Универзитет Скопје, проф.д-р Аце Миленковски како домаќин на настанот се заблагодари на Унгарија за долгогодишното пријателство, кое се темели на идејата за создавање на силни и економски просперитетни општества.