Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Прилози

Измами со брзи кредити: Кривични пријави заработија 43-ца, меѓу нив и вработен во Фонд за здравство

Невработени се претставувале како вработени, се користеле податоци на други луѓе и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Невработени се претставувале како вработени, се користеле податоци на други луѓе и со измама биле земани брзи кредити, на помош бил и вработен во Фондот за здравство. 43-ца заработија кривични пријави за компјутерски измами, фалсификување исправи и злоупотреба на лични податоци, со што противправно се збогатиле за повеќе од три милиони денари или некаде околу 50 илјади евра. За овие дела се осомничени четворица, меѓу кој и вработен во Фондот, додека другите се сомничат за поединечни дејствија на помагање и соизвршителство.

ел од осомничените, спротивно на условите утврдени со закон и без согласност на граѓаните користеле туѓи лични податоци, правеле лажни јавни исправи и преправале вистински јавни исправи со намера таквите исправи да се употребат како вистински. Со внесување невистинити податоци во информатичките системи на десетина различни друштва за „брзи кредити“, како и со фалсификување на електронски потписи, без знаење на оштетените на нивно име земале кредити, создавајќи им обврска на лицата да ги враќаат наводно позајмените средства, информираат од МВР.

Дел се осомничени дека обезбедиле лажни податоци кои подоцна биле користени да се подигнат и по неколку кредити од различни друштва во еден ден, со што била прибавена значителна имотна корист. Како што информираат од МВР парите потоа се извлекувале од сметка и во најголем дел ги давале на осомничените органозатори на вакви измами.

Реклама

-Еден дел од осомничените лажирале податоци за вработување на невработени лица, прикажувајќи ги како вработени и кредитоспособни, па врз основа на тие податоци од кредитните друштва извлекувале пари кои потоа биле ненаплатливи. Во тоа им помагал и осомничениот – службеното лице вработено во Фондот за здравствено осигурување на РСМ, ставајќи им средства на располагање, односно Единствен здравствен број на осигуреник кој претходно го обезбедувал преку својот компјутер од електронскиот систем на Фондот, информираат од МВР.

Измамите со брзите кредити не се ништо ново. Алфа и претходно има објавувано дека наивни граѓани плаќаат туги подигнати брзи кредити. Измамите најчесто се случувааат на социјалните мрежи, каде на луѓе им се злоупотребуваат податоци од лични карти, трансакциски сметки или здравствени легитимации.

Агресивните кампањи што ги водат таканаречените „продавници за пари„ лесно ги придобиваат граѓаните кои тонат во долгови. За оваа тема претходно реагираше и Народниот првобранител кои посочи дека граѓаните воопшто не се информирани и не знаат во што се впуштаат.  Позади рекламата, брза исплата и рати без камати, се кријат трошоци, кои би можеле да достигнат и до 50% од износот на кредитот. Едноставното он лајн одобрување на заеми е причина за многу од грѓаните свесно да заглават финансиски.

Пред една години Министерството за финансии донесе правилник каде повеќе не може да се издаде брз кредит без физичко присуство на клиентот што го бара. Иако беше донесен ваков правилник, сепак на социјалните мрежи насекаде се реклами дека брз кредит може да се одобри само со он лајн апликација, а парите се достапни за само неколку минути.

Матеја Петровски