Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

Македонија

Нов протокол за зајакнување на соработката помеѓу МВР и Јавното обвинителство

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, потпишаа нов протокол за соработка помеѓу МВР и Јавното обвинителство, со што уште еднаш ја потврдија посветеноста за засилување на интеринституционалната координација за успешно откривање и докажување на кривичните дела и нивните сторители и ефикасно спроведување на кривичната постапка.
Министерот Тошковски нагласи дека засилената заложба за подобрување и јасно дефинирање на системот за борба против криминалот значи и постојано унапредување на правилата на игра по што институциите ќе можат да соработуваат и, што е поважно, ефикасно да ја водат таа борба.
„Со потпишувањето на овој протокол ги поставуваме темелите на доверба и соработка, каде што заедничката цел е јасна – успешно откривање и докажување на кривичните дела и нивните сторители и ефикасно спроведување на кривичната постапка“, рече министерот Тошковски.
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски ја потенцира оперативната вредност на протоколот.
„Нашите институции се соочуваат со високо sofisticирани форми на криминал и овој протокол ќе ни помогне да се адаптираме и да се соочиме со тие предизвици“, потенцираше обвинителот Коцевски.