Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

Трамп вчера ја „почести“ Кина со царини од 50%, а денеска Кина му возвраќа со сличен потег – сега кинеската стока се царини со 104%, а американската со 84%

Ако САД навистина сакаат да ги решат проблемите преку дијалог и преговори,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако САД навистина сакаат да ги решат проблемите преку дијалог и преговори, треба да заземат позиција на еднаквост, почитување и взаемна корист, е пораката од Кина. Кина ќе продолжи да презема решителни и ефективни мерки за да ги заштити своите права и интереси.

Трамп, пак, имитирајќи го однесувањето на земјите кои се обидуваат да преговараат за царините, пред новинарите изјави:

„Овие земји ме викаат, ми го бакнуваат задникот. Умираат од желба да се договориме. Ве молам, господине, договорете се. Сè ќе направам. По ѓаволите, знам што правам, јас сум единствениот кој би вовел царини бидејќи сите се плашеа. Се плашеа од критики.“

Реклама

Вчера, светот се разбуди со реализација на заканата од американскиот претседател Доналд Трамп за зголемување на царините. САД воведе царина од 10% на увозот од скоро сите земји, а за некои, особено за оние со суфицит со САД, царините се зголемија од 11% до дури 50%. Новата американска тарифна политика најтешко ја погоди Кина, која доби дополнителни 50%, што резултираше со царина од 104% на стоката што влегува од таа земја во САД. Земјите на Европската Унија, исто така, беа многу погодени, со дополнителни царини од 20% на веќе постоечките 25%.

Кина, пак, најави воведување реципрочна царина од 50% на производите од Америка, што би резултирало со царина од 84%. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан, истакна дека САД продолжуваат да злоупотребуваат царини за вршење притисок врз Кина и дека ова не е прифатливо.

Во меѓувреме, Трамп се пофали дека од царините секој ден се инкасираат две милијарди долари, иако податоците на Министерството за финансии покажуваат дека во февруари се собрани 7,25 милијарди долари, што значи дека во просек дневно се собирале околу 200 милиони долари.

САД продолжува да ја засилува својата тарифна политика, додека земјите како Европската унија веќе подготвуваат противмерки за царините воведени од САД.