Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Министерката Божиновска на „Адриа Самит 2025“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на отворањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на отворањето на третото издание на ESG Adria Summit 2025, кое се одржува во Porto Montenegro, Тиват, Црна Гора. Самитот беше официјално отворен од претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, во присуство на премиерот Милојко Спајиќ и други високи претставници.

ESG Adria Summit претставува најголема регионална платформа посветена на одржлив развој, иновации и ESG (Environmental, Social, Governance) политики. Оваа година, самитот ги обединува повеќе од 700 учесници, вклучувајќи владини претставници, бизнис лидери, финансиски институции и меѓународни организации.

Министерката Божиновска ќе учествува на неколку панел-дискусии посветени на енергетската транзиција и одржливото финансирање, со цел да ги сподели искуствата и напорите на нашата земја во овие области.