Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

Македонија

Министерката Димитриеска-Кочоска на 10 -ти економски форум во Делфи

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 11 април ќе учествува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 11 април ќе учествува на економскиот форум во Делфи, кој обединува на едно место креатори на политики, претседатели на држави, премиери, министри, претставници на бизнис и на академската заедница и експерти од над 55 земји во светот.
Преку повеќе панел-дискусии, форумот ќе биде фокусиран на низа глобални и регионални теми поврзани со геополитичката и меѓународната безбедност, светската економија, климатските промени, енергетиката, туризмот, технологијата и општеството. Вториот ден од форумот ќе биде посветен на финансии и економија и, меѓу другото, ќе бидат отворени прашањата за стратегии за забрзан раст и развој, транзиција кон одржливи модели на развој и финансирање на идниот одржлив развој, стратешки партнерства за унапредување на економската конкурентност и економската безбедност, новата индустриска стратегија на ЕУ и кохезионитe политики на ЕУ по 2027 година. Воедно, учесниците ќе имаат можност да се вклучат во дебатите, да разменат идеи и да дискутираат за идниот развој.
Годинешниот економски форум е десетти по ред и традиционално се одржува во грчкиот антички град Делфи. Форумот, како независна и непрофитна организација со меѓународен карактер, има за цел да ги претстави реалните состојби и при тоа да се бараат решенија за справување со глобалните предизвици и за обезбедување поодржлива и просперитетна иднина.