Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Акција на финансиската полиција: Осомничена братучетка на екс министерот Оливер Спасовски

Финансиска полиција ја тресе кумановската фирма Пин Петрол. Се сомничи за проневера…

Сподели:

Финансиска полиција ја тресе кумановската фирма Пин Петрол. Се сомничи за проневера на пари кои биле должни да ги исплаќаат кон јавното претпријатие за државни патишта. Според информациите кои ги добиваме од извори од акцијата, приведена е Габриела Спасовска Крстевска која иналку е роднина и братучетка на екс првиот човек на полицијата Оливер Спасовски кој сега е координатор на пратеничката група на СДСМ. Во соопштението од финансова полиција испратено до медиумите се вели дека до кумановското обвинителство поднеле кривична пријава против едно физичко лице во својство на управител и одговорно лице во правно лице како и против две службени лица, поради основи на сомнение дека сториле три кривични дела, злоупотреба на службена положба и овластување, проневера во службата и несовесно работење во службата. Имено, првопријавениот Д.П. во својство на управител и одговорно лице во правно лице Пин Петрол ДОО Куманово, иако бил свесен дека компанијата не плаќала редовно надоместок за јавни патишта кон јавното претпријатие за државни патишта ја злоупотребил својата службена положба и овластување доверена од јавното претпријатие за државни патишта со договор, и не вршел контрола но и не презел никакви мерки и дејства за тоа да се спречи. Станува збор инаку за период од 5 години, поточно од 1 август 2019 до 30 септември 2024 година. Второсомничената, според нашите информации братучедка на поранешниот министер за внатрешни работи, Габриела Спасовска била должна да ги исплаќа парите кон јавното претпријатие за државни патишта, не постапувала според договорот, односно не ѝ исплаќала парите. Имено наплатените парични средства од правни и физички лица на име надоместок за јавни патишта, ги присвоила за себе, наместо истите да ги уплати на сметката на јавното претпријатие за државни патишта преку договорната пошта, се вели во соопштението од финансиска полиција. Инаку фирмата Пин Петрол ДОО Куманово има добиено овластување од министерството за внатрешни работи да врши технички преглед на возила. Со горенаведените дејствија, пријавените предизвикале штета на буџетот на јавното претпријатие за државни патишта во вкупен износ од над 22 милиони денари.