Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Лами од редок вид угинале во Зоо Скопје, Кирков бара одговорност

Во куќата на стравот, односно во Зоо-Скопје, угинаа две лами од редок…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во куќата на стравот, односно во Зоо-Скопје, угинаа две лами од редок вид, објави советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Стефан Кирков. Тој вели дека и за оваа катастрофа надлежните во зоолошката молчат, а според неговите неофицијални информации, ламиците починале викендов од туберкулоза.

„Како и дали се лекувани овие животни, кој ги лекувал и дали, ќе покаже патолошкиот наод и истрагата. Подолгo време укажувам и апелирам дека во Скопје ЗОО нема стручен ветеринар и дека ветеринар е човек кој до пред година дена беше аниматор за детски родендени,“ посочува Кирков во објава на социјалните мрежи и прашува „До кога? Ќе има ли одговорност? Што е следно и дали е време конечно да престане овој хорор??? Ги охрабрувам сите новинари, институции, друштва за заштита, да се позанимаваат со ова што ни се случува во скопската зоолошка градина,“ напиша Кирков.

За краток период во ЗОО-Скопје, угината е слоница, жирафа, монголски коњи, лемури, антилопи. Од најразвиената и најпосетената во регионот зоолошка градина, за неколку години, стана руиниран дом за егзотични животни. Очигледно, една од најстарите зоолошки во Европа ги преживува најтешките години од своето речиси 100-годишно постоење.

Реклама