Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

„Вашингтон пост“: Илон Маск побарал од Трамп да ги укинe царините

Илон Маск, лично побарал од Доналд Трамп да ги повлече царините што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Илон Маск, лично побарал од Доналд Трамп да ги повлече царините што ги објави минатата недела, објави „Вашингтон пост“. Повикувајќи се на два, неименувани извори, весникот наведува дека ова е најголемото несогласување досега меѓу извршниот директор на „Тесла“ и американскиот претседател. Апелот на Маск дојде откако Трамп објави основна царина од 10% за целиот увоз, со дополнителни зголемувања за десетици земји. Маск, кој го предводи американското министерство за ефикасност на владата, претходно повикуваше на укинување на царините меѓу САД и Европа. Компанијата на Маск „Тесла“ забележа голем пад на продажбата во последниот квартал, делумно поради негативната реакција на неговата улога во администрацијата на Трамп. Акциите на компанијата, вчера се затворија на 233 долари, што претставува намалување за повеќе од 42% од почетокот на годината.