Реклама
Македонија

Мицкоски: Ги споредуваме податоците со САД, ние имаме дефицит, не обратно

Македонија очекува укинување на минатонеделните царини од САД. Премиерот Мицкоски вели дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија очекува укинување на минатонеделните царини од САД. Премиерот Мицкоски вели дека преговорите се одвиваат во насока Македонија да докаже дека има дефицит во трговската размена со САД, а не обратно. Сигурен е дека администрацијата на Трамп ќе се коригира, бидејќи се работи за грешка. Според владините пресметки, САД има поголем извоз овде, отколку увоз од Македонија, што значи дека има суфицит, а тие држави не подлежат на енормно зголемување на царините.