Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Општина Илинден ќе обезбедува субвенции за инвертер клими и соларни панели

Општина Илинден и оваа година објави Јавен повик за субвенции за набавка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден и оваа година објави Јавен повик за субвенции за набавка на инвертер клими и соларни панели. Јавниот повик се спроведува во рамки на Програмата за финансиска поддршка на граѓаните за 2025 година, која овозможува еднократна парична помош за купување на инвертер клими или соларни панели за лица со постојано место на живеење на територијата на општина Илинден.

Општината ќе покрие 50% од цената на инвертер климата или соларниот панел, со максимален износ до 10.000 денари по производ. Целта на оваа програма, како што истакна градоначалникот Александар Георгиевски, е да се поттикнат домаќинствата да користат енергетски поефикасни и еколошки прифатливи инвертер клима уреди за затоплување на домовите.

Барањата ќе се разгледуваат по редослед на пристигнување, а правото на учество го имаат сите граѓани на општина Илинден кои ќе набават инвертер клима или соларен панел, почнувајќи од 07.04.2025 година, се до исцрпување на средствата предвидени за оваа намена.