Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Избори без избор: Венко Филипче единствен на гласачкото ливче за претседател на СДСМ

Венко Филипче и никој друг, тоа е изборот на членовите на СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче и никој друг, тоа е изборот на членовите на СДСМ за старо нов претседател на партијата. Според познавачите, на социјадемократите во моментов најмалку им се потребни внатрепартиските избори, туку потребна им е темелна реформа. Според новинарот Бранко Героски, ваков СДСМ не може да биде сериозна закана за власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

-Се надевам дека таму ќе се собере некакви сили, дека ќе се направи сериозна кадровска реформа, дека ќе се изнајдат нови луѓе подготвени да направат една идеолошка платформа, една поинаква активност на партијата, бидејќи во овој момент СДСМ е практично речиси изгубен, нема сериозна идеологија, не може конституира сериозен притисок врз власта, изјави Героски.

Дека работите во СДСМ се далеку од сјајни смета и новинарот Џенур Исени. Со ваква партиска поставеност, актуелната власт според него ќе владее уште долг период.

Реклама

-Со изборот на Венко Филипче за претседател на СДСМ, Христијан Мицкоски не само што доби политички подарок, туку му се гарантира и минимум уште десет години на власт. Наместо да понудат визија, нова енергија и кредибилен лидер кој може да му парира на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ реши да оди со кандидат кој веќе еднаш беше дел од нивната ерозија. Со вакви “стратегии”, Мицкоски на локалните избори нема потреба ниту кампања да прави, опозицијата самата му ја завршува работата, пиша Исени.

Според Героски голем проблем за партијата е и самото тоа што Филипче е единствениот кандидат.

-Тоа што е единствен кандидат е хендикеп само по себе, но многу поважно е дали на конгресот ќе гласаат значителен број членови, некаде околу 23 илјади се запишани на избирачкиот список, сега е многу важно тие да покажат активитет барем на денот кога бираат нов лидер.  И потоа ќе биде важно, клучно важно партијата да се дигне од пепелта, изјави Героски.

За внатрепартиските избори во СДСМ пријавени се 23.712 членови, што е многу помалку од претходните вакви циклуси, каде победи остварија прво Зоран Заев, па Димитар Ковачевски и пред неколку месеци актуелниот претседател Венко Филипче.