Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Мицкоски од Тетово: Изграден е нов дел од булеварот „Видое Смилевски- Бато“ од Фуштанска до село Порој

За мене претставува чест и задоволство што денес сме заедно со градоначалникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За мене претставува чест и задоволство што денес сме заедно со градоначалникот и со претставниците на Владата, заедно со пратениците, советниците и со сите оние кои ја поддржуваат работата на градоначалникот, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски при посетата на општина Тетово.

Во продолжение интегрален текст од изјавата на премиерот Мицкоски:

За мене претставува задоволство затоа што можам да присуствувам на еден нов настан, важен за овој град, но не само за него, туку и за сите граѓани во Полошкиот регион, кои ќе имаат корист од овој проект. Нешто што порано можеби изгледаше невозможно, со напорната работа на градоначалникот, со напорната работа на советниците, на администрацијата, на пратениците- овој проект конечно доби своја димензија и форма.

Реклама

Јас сум уверен дека овој настан ќе ги доближи работите. Она што можам да го кажам и повторно да го нагласам е дека до овој момент се пријавени околу 416 проекти од 56 општини во рамки на Министерството за локална самоуправа за финансирање на втората фаза.

Владата ги доделува средствата за проекти во општините неселективно, без да води сметка дали тие општини имаат градоначалници кои се дел од владејачката коалиција, како што тоа беше во минатото. Оваа влада ги реалоцира средствата од буџетот кон општините- кон сите општини- без разлика дали градоначалникот е од редовите на оваа влада, од опозицијата или е независен.

Нови 15 милијарди денари, кога ќе се додадат на претходните 6 милијарди од првиот повик, значи вкупно 21 милијарда денари. Како што кажа и градоначалникот, тоа се предвидени средства за финансирање проекти во висина од околу 15 милиони евра — нешто што навистина претставува историска бројка.

Ако на ова се додадат уште два многу значајни проекти за овој регион, ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите советници кои гласаа реконструкција на Кирил Пејчиновиќ, гимназијата, во вредност од прилика 50тина милиони денари, проект донација преку општествената одговорност на една фирма.

Но, тука е и патниот правец којшто Тетово треба да го поврзе со Призрен. Веќе е формирана работна група од наша страна, од македонска страна, од косовска страна којашто ќе работи и на овој проект.

Така што, важно е да се гради. Македонија да се гради, тоа е многу важно.

За разлика од тоа како функционираше порано владата, кога Македонија се крадеше, оваа Влада функционира во насока на интерес на граѓаните, односно-да ја гради Македонија. Тоа е наша цел и тоа е приоритет.

Уште еднаш, дозволете ми на крај да изразам огромна благодарност и честитки и до градоначалникот, и до советниците, и до администрацијата во Општина Тетово, до членовите на Владата, до пратениците коишто доаѓаат од Тетово и од Полошко и од регионот коишто направија не само овој проект, туку и сите други проекти, наскоро да станат реалност и да можат тетовчани и граѓаните од Полошкиот регион да ги користат, рече Мицкоски.