Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Претседателката Силјановска Давкова денеска треба да се сретне со Радев во Софија

Бугарскиот претседател Румен Радев ја покани претседателката Гордана Сиљановска Давкова да учествува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарскиот претседател Румен Радев ја покани претседателката Гордана Сиљановска Давкова да учествува на состанокот на шефови на држави и влади на „Акаба Процес Балкан III“ во Софија каде главни теми се бидабезбедноста, борбата против илегалната миграција, тероризмот, радикализацијата и екстремизмот. Сиљановска Давкова ќе има и билатерална средба со нејзиниот бугарски колега на која се очекуа да стане збор за односите на релација Скопје-Софија. Средбата доаѓа во период кога бугарската рампа на патот на македонските евроинтеграции е се уште спуштена поради условот уставни измени.

Посетата се реализира на покана на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори. Македонската претседателка ќе говори на првата сесија од состанокот насловена „Идентификување и разбирање на заканите“. За време на посетата, предвидени се и билатерални средби на претседателката Сиљановска-Давкова со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и со кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори, информираа од кабинетот на претседателката.

Инаку, последната средба меѓу Сиљановска-Давкова и Радев беше во ноември, минатата година, во Баку, Азербејџан, кога претседателката учествуваше на Конференцијата за климатски промени. Тогаш разговараа за унапредување на македонско-бугарските односи и за надминување на отворените прашања меѓу двете држави.

Реклама

Што се однесува до разговорите на ниво на премиери, од македонската Влада во повеќе наврати беше искажана волја за разговори со цел да се изнајде начин да се одблокира процесот. Премиерот Мицкоски е дециден дека во овој момент, единствено решение се уставни измени со одложено дејство, како би се заштитиле од подоцнежни блокади и услови.

Подолг период беше тешко да се направи каков било чекор за подобрување на односите со Бугарија бидејќи земјата поминуваше низ политичка криза и имаше седум изборни процеси во три години. Последниот потрес беше вчера, кога се гласаше интерпелација на бугарската влада. Тамошниот премиер Росен Жељазков го преживеа гласањето недоверба кое беше поднесено поради надворешно-политички прашања.

Дека е потребно надминување на билатералните разлики и блокадата на европскиот пат беше заклучок и по средбата помеѓу првиот дипломат Тимчо Муцунски и неговиот колега Георг Георгиев во февруари. Муцунски тогаш порача дека е жално што наместо развој на добрососедската политика, односите меѓу двете земји остануваат оптоварени со билатерални спорови, кои станаа непринципиелна пречка на македонскиот евроинтегративен процес.

https://youtu.be/wGD3qr0nmFE