Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Мицкоски за кочанската трагедија: И јас сум гневен поради пропустите на системот, но има и глодари кои сакаа да ја злоупотребат несреќата и тие ќе ги поразиме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „За или против“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „За или против“ на Алфа телевизија говорејќи за трагедијата во Кочани, истакна дека и тој како сите останати е гневен за сите пропусти на системот изминативе години, но посочи дека има една група на глодари кои се обидоа да ја злоупотребат несреќата за политички да профитираат и на истите им порача дека ќе бидат поразени.

Премиерот Мицкоски посочи дека логично е да има такви кои ќе се обидуваат силна влада да ја дестабилизираат и тука има две методологии, едната е со силна и жестока масовна акција од почеток до крај да се канализира таа енергија за да се урне владата, и втората е вака во одредени бранови да се нанесува штета преку лажни пораки, преку конструкции, измислици.

За првиот метод нема енергија и тоа им е јасно на тие кои се сценаристи за сето ова, за вториот да се обидуваат на бранови да нанесуваат штета, овие структури се обидуваат тоа да го прават. Тие се свесни дека сега во бран не можат ништо да направат, но на ваков начин се обидуваат да го намалат кредибилитетот на владата и владините политики.

Реклама

Премиерот Мицкоски појасни дека затоа одредена група ги нарекол глодари.

Тие сега го користат гневот на народот, за кој јас кажав дека сочувствувам, и јас сум гневен како и вие, како и многумина поради сите оние системски слабости кои се случувале децении назад и тука нема дилема и како што беа 99% од луѓето кои излегоа прво да изразат сочувство, а второ и да на еден емотивен начин го покажат својот гнев и револт за се што се случувало децении наназад. Сега има мала група глодари кои се обидоа од тоа да направат политички поени и да привлечат внимание кон себе, нагласи премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека тоа не успеа тоа затоа што не е природно, доколку е природно и произлегува од структурата тоа ќе успее.

Но, ова не е природно, но нивната насока е малку по малку, сега ова, утре ќе чекаат друга несреќа и трагедија да се појават тие глодари и повторно да се обидат на некаков револт и протест да печалат поени. Тоа е реалноста во политиката и ние како влада треба да направиме се што е во наша моќ да испорачуваме. Тие се неутрализираат само со испорака, кога вие работите, кога сте присутни само така ќе ги можете да ги уништите трајно, изјави премиерот Мицкоски.