Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Денес втора исплата за поддршка на настраданите во Кочани

Заклучно со денешниот ден во апелот на Црвениот крст на РМ за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заклучно со денешниот ден во апелот на Црвениот крст на РМ за настраданите од пожарот во Кочани собрани се 112.595.482,00 денари. Досега Црвениот крст на РМ изврши првична исплата на средства на семејствата на сите починати и повредени лица кои се лекуваат во странство и во земјата.

Денес е извршена и втората исплата за поддршка на настраданите семејства од трагичната несреќа во Кочани. Од двата трансфери вкупно се исплатени 60.850.000,00 денари од досегашните донирани средства.

-Во соработка со внатрешните професионални институции во државата, како и надлежните министерства и Владата, кои ги покриваат прашањата на проценките на видовите на штети во вакви ситуации, се работи на изнаоѓање на пристап кој ќе се примени во понатамошна дистрибуција на средствата кои се собираат во Црвениот крст, кој ќе значи реална поддршка во вистинско време за лекување и справување со последиците од катастрофата, за што благовремено ќе ве информираме, велат од Црвениот крст.

Реклама

Црвениот крст заедно со партнерите продолжува со испораката на психосоцијална и друга поддршка на настраданото население.

Поради сè уште големиот интерес за донирање, апелот за собирање на средства продолжува и понатаму.