Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Обвинение против таткото на Васил Јованов: Му го дал автомобилот иако знаел дека нема возачка и е повеќекратен прекршител на сообраќајни закони

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 50-годишниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 50-годишниот Зоран Јованов, (татко на Васил Јованов) за кривично дело – предизвикување општа опасност, согласно член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во текот на постапката, јавниот обвинител обезбеди докази кои потврдуваат дека обвинетиот, во периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година, со општоопасно дејствие предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, свесен дека неговите дејства може да доведат до штетни последици, но лекомислено сметал дека тие нема да се случат.

Обвинетиот му дозволил на својот син да управува со патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот нема возачка дозвола и е повеќекратен прекршител на сообраќајни закони. Во текот на 2022, 2023 и 2024 година, синот имал повеќе сообраќајни прекршоци, вклучително и возење без возачка дозвола, возење под дејство на алкохол, непочитување на семафор и пешачки премин, како и две сообраќајни несреќи. На 29.01.2025 година, синот предизвикал сообраќајна несреќа со смртни последици.