Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Изгласани измени за забрана за употреба на пиротехника во затворен простор

Собранието доцна синоќа донесе девет закони по скратена постапка. Меѓу нив и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието доцна синоќа донесе девет закони по скратена постапка. Меѓу нив и измените со кои се воведува забрана за употреба на пиротехника во затворен простор, како одговор на трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 59 лица.

Властта и опозицијата постигнаа консензус дека се потребни построги казни и поголеми ограничувања во користењето на пиротехника, посебно во затворен простор. Владејачкото мнозинство чиј предлог се измените во овој закон, очекува поддршка од сите партии со цел, во иднина, да се спречат трагедии или хаварии како несреќата во Кочани. Со овој закон се проширува надлежноста на полицијата, и се овозможува поголема контрола околу користењето на пиротехника.

Со измените се предвидува зголемување на прекршочните глоби, а повторен прекршок носи и притвор. Полицијата ќе има зголемени надлежности за превенција на нарушувања на јавниот ред.

Реклама

Донесени се и други измени, вклучително во законите за образованието, субвенциониран студентски оброк и безбедност и здравје при работа.