Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Филипче бара средба со Мицкоски за план за натпартиска стратегија за реформи

Мицкоски: да не правиме естрада за сериозни прашања, подготвен сум за средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мицкоски: да не правиме естрада за сериозни прашања, подготвен сум за средба

Натпартиско и општствено обединување за изготвување стратегија за напредок на Македонија. Претседателот на СДСМ Венко Филипче побара средба со премиерот Христијан Мицкоски, која ќе го трасира патот кон лидерска средба на сите парламентарни партии.

Здравство, правосудство, животна средина, борба против партизација и политизација. Иако неговата партија за седум години власт речиси и немаше напредок во овие области, лидерот на СДСМ сега сака да зборува токму на овие теми. Сепак, не откри детали – само констатираше каде имало прболеми.

Реклама

Прво е образованието. Ние немаме веќе деца да ги губиме со тоа што ќе одат во странство. Треба да го зајакнеме тој систем. Сме се обиделе и ние, се обидел и ВМРО-ДПМНЕ очигледно нема посакувани резултати. Понатаму здравството. Не може само да посакуваме да бидеме здрави, тоа навистина го заслужуваме да го имаме. Тој јавен сервис мораме да го подобриме и здравството и образованието треба да ги тргнеме од дневно политичките пресметки, надмудрувања, математики и тоа да биде навистина стратешки интерес на државата. Понатаму правосудното, неминовно е да се донесе реформската агенда во што пократок рок. Реформските закони во одреден систем во којшто ќе се постигне широк консензус не само политички туки и други фактори од делот на правосудството на коишто ова навистина им е експертиза, рече Филипче.

Трагедијата во Кочани според Филипче, ги извади на површина сите пропусти, и крајно време е сите да седнат да работат за доброто на државата. Премиерот Мицкоски е подготвен на седне на маса со Филипче, па дури и после полноќ. Рече дека ќе го сослуша неговиот план, но нема потреба да се прави естрада на јавна сцена.

Стојам на располагање во секое време, ќе го прераспределам мојот распоред, ако треба на полноќ, после полноќ за да го сослушам неговиот план и да видиме дали по тој план нешто може да се реши. Но доколку планот опфаќа стабри-пристап како што беше во минатото за време на короната тогаш јас такви планови не можам да прифатам. Непристојно за ова да разговараат преку медиумите зашто, ова е сериозна тема, а за сериозна тема се седнува и се разговара очи во очи. Доколку има план подготвен сум да го примам на средба претседателот на СДСМ да го образложи планот, да го слушнам планот. Сериозни времиња се, јас сум сериозен човек, серриозни работи се во прашање и најмалку што треба да се прави е естрада на јавна сцена“, додаде Мицкоски.

Стратегијата за која зборува Филипче има многу сличности со националната развојна стратегија во периодот од 2024 до 2044 година, која предвидува борба против криминалот и корупцијата, враќање на довербата во институциите, зајакнување на економијата, енергетска независност. Мицкоски во повеќе прилики истакнал дека ова е обединувачки документ кој го трасира патот на Македонија кон сериозни промени и реформи, што ќе доведат до подобар живот и повисок стандард.