Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Нема опасност по населението во Батинци по излевањето на Маркова река

Поплавени куќи, улици, индустриски објекти. Откорнати дрвја, растурено ѓубре долж течението на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поплавени куќи, улици, индустриски објекти. Откорнати дрвја, растурено ѓубре долж течението на Маркова река. Обилниот дожд кој наврна во Батинци, Студеничани и делови кон Пинтија, предизвика големо излевање на водата во овој дел на Скопје. Водата навлезе во домовите на локалните жители и им предизвика материјална штета. Надлежните веднаш реагираа, за да не дојде до поголема хаварија. Уверуваат дека жителите се безбедни. Цела механизација е на терен, a од  Дирекцијата за заштита и спасување ја испумпуваат водата од улиците. 

Водата од Маркова река се повлече од куќите и улиците, но жителите од Батинци и Студеничани стравуваат дека ако врнежите продолжат може повторно да дојде до излевање на реката“.

Жителите апелираат освен редовно чистење на каналите, мештанатите да бидат совесни и да не фрлаат ѓубре во реката и околу неа.

Реклама

Градоначалникот на Студеничани, Садики, му се заблагодари на колегата од Кисела Вода, Ѓорѓиевски што веднаш дојде на помош ѝ посочи дека ќе помара помош и од Владата за санирање на штетите.

Денеска почна да се нормализира состојбата, синоќа имаше многу големи наноси на Маркова река. Имаше поплавени неколку дворови, десетина куќи се поплавени. Ќе се обидеме и со наши сили и ќе бараме помош од владата да го решиме овој проблем“, изјави Азем Садики градоначалникот на Студеничани.

На терен излезе и сеизмологот Михаил Гаревски кој објасни дека излевањето не предизвикало голема штета и дека граѓаните можат слободно да го користат локалниот мост.

„Столбовите не се поместени, не се изместени, темелите не се оштетени, но има еден дел, не многу голем, распод кај што е плоцата, има една прснатина, која што повторно ќе потенцирам не е резултат на сегашната, да ја наречам поплава“, изјави сеизмологот Михаил Гаревски.

Во време на невреме градоначалничката на Скопје, Арсовска наместо да помогне, ги напаѓаше колегите преку фејсбук.

Џабе се слика со лажен хероизам градоначалникот во заминување Орце Ѓеоргиевски, кој освен со сликање со друго не може да се пофали. Со превенција се спречуваат поплави, не со глумење спасител“, изјави Данела Арсовска градоначалниката на Скопје.

Ѓорѓиевски ѝ одговори дека времето ќе покаже кој ќе се збогува засекогаш од политичката сцена.

Политичар се покажува кога е најтешко. Кога не се штедиш, кога не се криеш, кога не глумиш статуси, туку си таму, со луѓето во првите редови. Народот знае и времето ќе покаже, кој доѓа, кој заминува и кој ќе се збогува засекогаш од политичката сцена“, изјави градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Допрва ќе се проценува материјалната штета која е направена по излевањето на Маркова Река.