Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Зад затворени врати Советот на Јавни обвинители даде негативно мислење за предлогот на Владата за разрешување на Коцевски

Зад затворени врати Советот на Јавни обвинители даде негативно мислење за предлогот…

Сподели:

Зад затворени врати Советот на Јавни обвинители даде негативно мислење за предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. Од  вкупно 9 членови, шестмина гласаа против предлогот за разрешување, а тројца се изјаснија позитивно.

Пред да дискутираат и гласаат за разрешувањето членовите одлучија да ја исклучат јавноста од седницата поради како што рекоа, заштита на интегритетот на државниот обвинител. Појаснија дека тоа го прават заради сензитивноста на предистражната постапка за трагедијата во Кочани, а и поради тоа што во неговиот одговор имало информации за дисциплинските постапки против двајца обвинители.

Седницата за разгледување на предлогот претходно беше одложена двапати. Прво беше закажана за 18 март, но беше одложена поради седумдневната жалост по трагедијата во Кочани.

Реклама

Минатата недела, седницата повторно беше одложена поради недостаток на кворум односно не беа присутни двајца членови.

Минатата недела Владата најави ќе ја прекине постапката за разрешувањето и дека мислењето од Советот на јавни обвинители нема да го проследи до Собранието.

Премиерот Христијан Мицкоски,, пак, по трагедијата во Кочани, исто така изјави дека постапката за разрешување на Коцевски ќе се запре во моментот во кој се наоѓа поради важноста на предистражната постапка за најголемата трагедија што и се случи на Македонија.

Инаку, сериозни проблеми со функционалноста, неефикасност во кривичното гонење и нарушени меѓучовечки односи се наведени како дел од забелешките во образложението на Владата за разрешувањето на Коцевски.

На товар му се ставаат и крупни професионални грешки како и нарушување на угледот на Обвинителството.

Владата на 11 февруари годинава донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски, кој беше избран на оваа позиција пред една година, а неговиот мандат трае шест години.