Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Стефковски донираше инвертер клима уреди на Брза помош

Денес 02.04.2025 година, градоначалникот на општина Гази Баба ја посети единицата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес 02.04.2025 година, градоначалникот на општина Гази Баба ја посети единицата за Итна медицинска помош.

„Имав задоволство да ја посетам единицата за Итна медицинска помош. Ја изразив мојата благодарност до целиот медицински персонал за пожртвуваноста при справувањето со последиците од несреќата во Кочани. Овие луѓе заедно со докторите и целиот персонал во болниците се нашите херои“ истакна при посетата градоначалникот Стефковски.

При посетата градоначалникот Стефковски донираше инвертер клима уреди за потребите на единицата.

Реклама

„За потребите на единицата за итна медицинска помош извршив донација на инвертер клима уреди. Ова се луѓе кои се грижат за нашето здравје во секое време и тие ја заслужуваат нашата поддршка. Хуманоста и солидарноста се одлика за нас и така ќе продолжиме и во иднина. Секогаш и на секого ќе подадам рака за помош и поддршка“ – заклучи Стефковски.

Општина Гази Баба донираше и 1.000.000 денари на солидарната сметка на Црвениот крст на Република Македонија за помош на семејствата на загинатите и повредените во несреќата во Кочани.