Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Обезбедувачот на Мицкоски бил уапсен на паркинг, а според Обвинителството, требало да прими 50.000 евра за доставување на документи од МВР

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела извршени од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела извршени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК донесе Наредба за започнување истражна постапка против самостоен инспектор од Единицата за лично обезбедување на Претседателот на Владата на РМ, осомничен за кривично дело „Оддавање службена тајна“ извршено од користољубие.

Осомничениот, како службено лице, се сретнал со сведок на 30.3.2025 година на паркинг пред хотел во Велес и му покажал службени документи на МВР, кои претставуваат службена тајна. Тој му дозволил на сведокот да ги снима документите и му објаснил за што се однесуваат. Осомничениот го сторил ова за да ги објави документите на социјалните мрежи и за да прибави 50.000 евра од лицето за кое се однесуваат тие документи.

Јавниот обвинител, по разгледувањето на околностите, утврди дека се исполнети условите за предложување на мерка притвор. Судот го прифатил предлогот и осомничениот е ставен под притвор на 30 дена. За ова кривично дело, согласно член 360 од Кривичниот законик, предвидена е затворска казна од најмалку една година.