Реклама
Македонија

2.508 казни за време на продолжениот викенд – 959 за брзо возење, 48 за возење под дејство на алкохол

2.508 сообраќајни прекршоци во цела држава за време на продолжениот викенд Во…

Сподели:

2.508 сообраќајни прекршоци во цела држава за време на продолжениот викенд

Во текот на празничниот викенд (28/29/30/31.03), во рамки на редовните сообраќајни контроли низ целата држава, издадени се вкупно 2.508 платни налози за прекршоци, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

Се евидентирани се прекршоци како што следува: 425 за непрописно паркирање, 959 за брзо возење, 234 за непоседување возачка дозвола, 173 за неносење сигурносен појас, 50 за користење мобилен телефон при возење, 14 за поминување на црвено светло и 48 за возење под дејство на алкохол, информираат од МВР.

Реклама

Покрај тоа, 74 возила се исклучени од сообраќај, од кои 24 поради техничка неисправност, а 50 поради нерегистрираност.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за да се зголеми безбедноста на патиштата и да се придонесе за посигурен сообраќај.