Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Откриени дилери на марихуана и амфетамин, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека вршеле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, соопшти Јавното Обвинителство.

Во временскиот период од ноември 2024 година до март 2025 година, осомничените скопјани на возраст од 20, 26 и 21 година, како и други за сега непознати лица, заедно, заради продажба кај себе и на неколку локации низ Скопје, во импровизирани бункери во општина Бутел, чувале опојна дрога марихуана и амфетамин, неведуваат од ОЈО.

Полициски службеници при извршени осум претреси на различни локации пронашле над 800 грама марихуана, помало количество амфетамин и други предмети со траги од дрога. Со извршените вештачења на папиларни линии и ДНК материјал на пронајдената скриена наркотична дрога, потврдени се траги од осомничените, потенцира ЈО.

Реклама

За сите тројца јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, поради опасност од бегство и можност за повторување на делото, соопштија од ОЈО.