Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

„ЈСП“ се уште во проблеми: Недостиг на автобуси и возачи

Расипани автобуси, несоодветно одржување, притисоци од раководството врз вработените. Од „Синдикат за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расипани автобуси, несоодветно одржување, притисоци од раководството врз вработените. Од „Синдикат за приватниот, административниот и јавниот сектор на Македонија“ – „СПАЈС“, алармираат дека состојбата со возниот парк во главниот град подолго време е загрижувачка, а надлежните не превземаат никакви мерки.

Нема доволен број автобуси и возачи за да ги покријат сите линии сопоред објавениот возен ред, па дел од граѓаните во метрополата се оставени сами да се снаоѓаат како знаат и умеат да стигнат до посакуваната дестинација. Генералниот секретар на „СПАЈС“, Меџит Идризи, алармираше за хаосот и притисоците со кои се соочуваат вработените во ЈСП и објаснува дека фалат најмалку 120 автобуси, а возачите кои се малку на број возат неисправни автобуси.

„Тие што се запалија се за во отпад. Можам да речам дека 50% се во исправна состојба. Директорот имаше наредба нека излезат на линија затоа што нема доволно возила, а од друга страна полиција ги исклучува затоа што многу димат. Они не го гледаат тоа така, само ти даваат документ дека е во исправна состојба“, изјави Меџит Идризи, генералниот секретар на ‘СПАЈС’.

Поради недостиг на возачи и нафта, автобусите со броеви „32“ до општина Сарај, „81“ до Блаце и „18 А“ до Визбегово воопшто не ни возат.

Реклама

„Па можам да речам дека 60% моментално има нафта, повеќе нема. Автокоманда им одредува нафта само 80 литри, поише нема“, изјави Меџит Идризи, генералниот секретар на ‘СПАЈС’.

Идризи одговорноста ја гледа во директорот на претпријатието Драги Кушевски. Досега имал неколку обиди за средба со него, но не наишол на разбирање. И „Алфа“ побара одговори од раководството, но досега не не удостоија со одговор. Од „градот Скопје“, под чија управа спаѓа „ЈСП“, освен неколкукратна промена на директорите, градоначалничката Арсовска досега не изнајде решение за хаосот во јавното претпријатие.