Реклама
Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски по повод Рамазан Бајрам во посета на семејството Демови

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за локална самоуправа Златко Перински, по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за локална самоуправа Златко Перински, по повод најголемиот муслимански празник Рамазан Бајрам, денеска го посетија домот на семејството Демови во Василево. Им посакаа многу мир, здравје и благосостојба на сите кои слават овој празник.

„Кај нашиот домаќин Ајхан Демов, во Василево, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. Во духот на заедништвото, соживотот и почитта, со луѓето со кои ги делиме и радостите и предизвиците. Нека е честит празникот, со мир, здравје и благосостојба во секој дом“.