Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Гаши: Да придонесеме кон зајакнување на заедницата, толеранцијата и општествената хармонија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши по повод големиот празник – Рамазан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши по повод големиот празник – Рамазан Бајрам, утрово упати честитката до граѓаните од исламска вероисповед во која посака овој ден да биде извор на радост и мир, со повеќе љубов, разбирање и солидарност во семејствата.

-После еден период на длабоко размислување, пожртвуваност и ангажираност да се доближиме повеќе кон Бога, имам посебно задоволство да ви го честитам големиот празник – Рамазан Бајрам! Рамазан нè учи дека постот е патот кон прочистување на душата и секој ден претставува можност за практикување на вредностите искреност, љубов и меѓусебна почит. Затоа, по завршувањето на месецот на Рамазан, да бидеме со чисто срце и поподготвени да им помогнеме на сите оние кои имаат потреба, како и да придонесеме кон зајакнување на заедницата, толеранцијата и општествената хармонија, пишува Гаши во честитката.