Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Во недела посебен режим на сообраќај на Водно поради одржување атлетска трка

Атлетскиот клуб Фортиус од Скопје во соработка со Семос Едукација на 30.03.2025 година…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Атлетскиот клуб Фортиус од Скопје во соработка со Семос Едукација на 30.03.2025 година го организира четвртото издание на трката “Семос Едукација Водно 10К” на која учество ќе земат 400 натпреварувачи.

Стартот на трката е во 10:00 часот на долниот паркинг на Средно Водно,а рутата на движење на атлетската трка е по асфалтниот пат (Р2138) до манастирот “Св.Пантелејмон” и назад со вкупна должина од 9,6 км. Покрај трката од 10км, ќе се трча и штафетна трка. Оваа делница ќе биде затворена за сообраќај од 06:00 до 13:00 часот.

За сите учесници Семос Едукација ќе обезбеди вредносни ваучери за кратки обуки за возрасни и деца, а победниците ќе добијат парични награди и вредносни ваучери за Семос Академии.

Реклама

Апел до сите граѓани да го користат јавниот превоз, а за натпреварувачите е обезбеден бесплатен превоз кој ќе се обраќа од основното училиште „Кочо Рацин“ до паркингот на средно Водно, а после завршувањето на настанот по обратен редослед.

Ги повикуваме сите граѓани да дадат масовна подршка на натпреварувачите.