Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Влада: Нема примено официјално барање од СДСМ за лидерска средба

По најавата на лидерот на опозицијата, Венко Филипче, дека следната недела ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По најавата на лидерот на опозицијата, Венко Филипче, дека следната недела ќе иницира лидерска средба во Собранието по повод пожарот во Кочани, од Владата денеска информираа дека не е пристигнато официјално барање или иницијатива од СДСМ. Сепак, Владата и премиерот се отворени за било какви предлози и иницијативи кои имаат за цел да помогнат.

„Не сме примиле официјално барање од Владата, ниту иницијатива од СДСМ. Засега се забележани само најави во медиумите. Вакви сериозни ситуации бараат сериозен пристап. Владата и премиерот се отворени за било какви предлози и иницијативи кои можат да помогнат,“ изјавија од Владата.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека идната недела ќе ги повика на средба лидерите на најголемите политички партии во Собранието, на кои ќе им го презентира својот план. Тој изрази уверување дека е потребен нов пристап во политиката, бидејќи традиционалните начини на политичко делување не даваат брзи резултати.

Реклама

„Не е доволно само да се зборува за потребата од единство и обединување, тоа треба да се претвори во конкретни дела и чекори. Потребно е да размислиме што може да се направи за 60-те семејства, од кои 59 останале без деца, и за сите други кои се во тешка состојба. Младите бараат промени, а тие не се загрижени за минатото и сегашноста, туку за иднината. Како политичари, треба да размислиме што точно треба да направиме,“ изјави Филипче.